Се надевам, како и поголемиот број Македонци, дека пресудата за случајот „Рекет“ е само почеток. Мислам дека јасно докажав дека врвот на криминалната пирамида бил политички, како и дека политичкиот врв тесно соработувал со дел од правосудниот систем, вели во интервју за српски „Ало“, словенечкиот геополитички експерт и публицист Ларис Гајзер, кој ги објави снимките за аферата „Рекет“.

Сепак, додава тој, не можеме да очекуваме дека виновниците ќе се одудат самите себеси.

На крајот на краиштата, дури и Јавното обвинителство го водеа истите лица за кои открив дека се поврзани со огромен мафијашки октопод развиен за време на владеењето на Зоран Заев, вели Гајзер.

Прашан дали по пресудата на Боки 13 и Катица Јанева очекува нови обвиненија, Гајзер смета дека таквата слика ќе се промени по изборите во Македонија, посебно доколку Трамп освои втор мандат.

Последните месеци Зоран Заев бараше што побрзо избори затоа што тој беше преплашен од можната казна. Сега може малку да здивне, но после изјавите на Боки 13 во судот, дека парите може да се пронајдат кај браќата Заеви, можеме да очекуваме почеток на вториот круг. Со променето политичко опкружување и во чист судски систем, сигурен сум дека Боки и Катица ќе изнајдат храброст да ја раскажат целата приказна за многу тажжниот дел од македонската историја, смета Гајзер.

Според словенечкиот новинар, поранешниот премиер Зоран Заев уште во август минатата година станал безначаен во меѓународното опкружување.

По речиси една година од моите текстови, никој во светот не верува во неговата невиност. Според тоа, тој е бескорисно за вистинските политички играчи. За Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, тоа е политичко самоубиство дури и ако сè уште ги води како лидер на следните избори. Неговата присутност ги осудува да бидат поразени. Сите овие се добри аргументи во корист на ставот дека тој е минато во политичката арена, со или без продолжување на судските постапки, потенцира Гајзер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.