Се работи за класична стапица со која македонските власти се обидуваат полесно да дојдат до имињата на нејзините противници, на луѓето од опозицијата. Се работи за неколку лажни профили преку кои македонскиот премиер Зоран Заев сака полесно да дојде до некаква листа со имиња – обелодени новинарот Ларис Гајзер, по повод хакирањето на неговиот профил на Фејсбук, за МКД.мк.

Ги замолувам сите Македонци да бидат внимателни затоа што мојот вистински профил веќе има 5.000 пријатели, па не можам да примам нови пријатели. Хакери отвориле лажни профили и сега други хакери ги хакираат лажните профили. Интересна приказна – вели Гајзер и уште еднаш додаде дека неговата наредна приказна за случајот „Рекет“ ќе предизвика вистински земјотрес.

Јас сум спремен. Сега сѐ зависи од сведоците. Чекам да ми кажат дека се сигирни, дека се безбедни и дека можам да објавам – вели Гајзер во изјава за порталот МКД.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.