Наташа Габер-Дамјановска, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека нема доволно обвинителите во Обвинителството во Македонија, кои би биле спремни да се борат против криминалот.

Не знам колку е мотивирачки за луѓето да сакаат да се вработат во Обвинителството, не знам дали Обвинителството дало доволно можности и конкурси луѓето да се вработат. Актуелно мислам дека е проблем и со недостаток на стручни соработници. Еве ако речам и за обвинителите дека треба да изгубат време, па да минат низ едукативниот процес на Академијата, стручните соработници може да се примаат на конкурс, не зависат од Академијата, така што и тоа би можело да се направи во блиска иднина, вели Габер- Дамјановска.

Според неа, редовното обвинителство треба да има еднаков третман како СЈО, кои располагаат со средства кои се поголеми од другото обвинителство.

Можеби тука би требало да се зајакнат капацитетите, државата малку повеќе да вложи во другите обвинителски структури за да им помогне во функционирањето и вршењето на нивната работа и тоа е прашање на политика, којашто мислам дека подинамично може да се направи, само треба да се има волја, вели Габер Дамјановска за Радио Слободна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.