Владата на денешната седница донесе одлука да го разреши од должноста в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување Миле Сугарев, а за директор да го назначи Стево Крстевски.

Се шпекулираше дека директорското место во Фондот е резервираано за кумашинот на Заев, сепак, тој сепак ќе директорува на друго место.

За оваа директорска позиција имаше свој предлог и ДУИ, Фатон Ахмети.

Човек на Заев

Новиот директор на ФЗОМ, 36-годишниот Стево Крстевски е дипломиран економист, сопственик на книговодствено биро. Тој бил член на ОО на СДСМ Велес од 2002 година. Тој е кадар на Зоран Заев, поставен за претседател на општинската организација на партијата во 2019 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.