Дојде само со една ќеса, не планира долго да лежи, коментира новинарот Фуркан Салиу, кој заедно со голем број на колеги денеска го следеа патот на Катица Јанева до истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Во видеото кое го споделува Салиу, Јанева ја спроведуваат во затворот, а во себе нема скоро ништо.

Салиу пред неколку дена ја праша обвинителката како од најголема надеж за правдата дојде до овде.

Јанева вечерва од Кривичниот суд со полициско комбе беше спроведена во истражниот затвор, откако судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Распитот на Јанева траеше околу четири часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.