Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар предизвика дипломатски скандал со низата скандалозни изјави.

Градоначалникот на општина Центар и висок функционер на владеачката партија СДСМ изгледа заборави дека освен одредени права како јавен функционер, има и обврски за заштита на суверенитетот, интегритетот и достоинстовото на Македонија.

Богдановиќ не го признава Косово. За него Косово е дел од Србија и тој вели го почитувал Уставот на Србија. Притоа тој не го почитува ставот на Македонија која го признава Косово, не го почитува Уставот на Македонија, каде што стои дека нашата држава се граничи со Република Косово.

За Богдановиќ и Македонската православна црква не е канонска.

Јас лично си имам свој став за Косово, а тоа е дека е составен дел на Србија, го почитувам Уставот на Србија, нормално си имам свој став околу тоа, вели Богдановиќ во емисијата Во Центар.

Во текот на вчерашниот ден партијата Алтернатива побара оставка од Богдановиќ бидејќи смета дека изјавата на градоначалникот дека Косово е Србија е скандал кој ги нарушува чувствата на Албанците во земјава.

Изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, дека тој не ја признава државата Косово, дури тврдејќи дека „Косово е Србија“, покрај тоа што е скандал за службено лице, бидејќи е во спротивност со јавниот државен став, истовремено е и навреда кон чувствата на Албанците во Македонија, за кои Косово не е само што е држава признаена од нашата држава, туку и држава со која Албанциете од Македонија се поврзани и семејно и историски, велат од партијата Алтернатива.

Се поставува прашањето дали градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и премиерот Зоран Заев се на иста линија по овие прашања, и дали ваквите изјави го поткопуваат концептот едно општество за сите.

Аналитичарите пак реагираат дека е недзоволиво вакво однесување на носител на функција и дека надлежните институции треба да реагираар соодветно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.