Сите избрани и именувани функционери во април и во мај ќе земат минимална плата од 14. 500 денари, соопшти денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Како што соопшти Спасовски, нема да има кратење на платите на другите вработени во јавниот сектор.

Исклучок од мерката за минималец се именуваните лица (директорите) во јавните здравствени организации. И министерот за здравство Венко Филипче за април и за мај ќе земе минимална плата од 14 500 денари, иако е меѓу најангажираните функционери во актуелната криза со коронавирусот.

Владината мерка со која се предвидува исплата на минимална плата за сите избрани и именувани функционери во следните два месеца, не се однесува само на „именуваните лица во јавните здравствени установи“. Тоа се директорите на болниците и на други институции од јавното здравство, но не и министерот и заменик-министерот за здравство (кои ги избира Собранието).

Нема да има намалување на платите во јавниот сектор до ниво на минималец, како што предложи лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Всушност, засега нема никакво кратење на платите на вработените во јавниот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.