Повеќе функционери на СДСМ денеска споделуваат еден ист статус на социјалните мрежи, меѓу нив и високите функционери како поранешниот потпретседател на партијата Мухамед Зекири и генералниот секретар Љупчо Николовски. Тие најавуваат дека правдата ќе зададе удар, а сите предмети на СЈО забрзано ќе се решаваат.

Во пренесениот диктат каде се воспева правдата никој не го ни споменува случајот „Рекет“ и аферата која со денови ја дрма Македонија.

Нема одлагање!

Туку напротив, ќе се забрзат Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија
Базни Станици, Подарок и еден куп други.

Затоа сакаат да ја срушат правдата, да ја стопираат 🇲🇰 да почне преговори со #ЕУ, да влеземе во #НАТО и да одиме напред.

Но, ништо не им успеа нема ни ова.

Ударот правдата ќе го зададе за секој, ама буквално за секој, и со тоа ќе успее 🇲🇰!, се вели во статусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.