Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети од ДУИ порачува дека Мухамед Зекири (Муки) го покажува вистинското лице.

Тој на својот Фејсбук профил пишува:

За време на мојот ангажман во политичкиот живот особено во правосудството, сум бил фокусиран во правец на реализација на реформите во судството, особено во правец на реализација на начелото на правична застапеност на Албанците во оваа сфера на функционирање на државата. Мојот ангажман не може да го вреднува некој си “Муки “ туку албанскиот електорат кој ми ја дал довербата при сите изборни циклуси со нивниот глас. Сум бил ангажиран за правичната застапеност и не како овој некој си “Муки“ за полициски сценарија и завери, особено кон верските институции, како што е последното сценарио на “Муки“. Овие сценарија не можат да се засенат со инсинуации и клевети кои тој ги прави цело време во јавноста. Последниот акт против ИВЗ само го покажува пред јавноста неговото вистинско лице. Ваквите “Муки “ историјата ги има казнето и ова повторно ќе го направи, затоа што нејзиниот суд е најмеродавен, напиша Беџети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.