Фросина Ременски, потпретседателката на Собранието на Македонија и една од осомничените во случајот Рекет, за дело за меѓународниот сојуз, имала два телефони кои сега се наоѓаат на вештачење. Телефонтие и биле одземени при претресите во истрагата, дознава Телма.

Телевизијата известува дека од обвинителството потврдиле дека сите предмети меѓу кои и телефони на осомничените се на вештачење за дополнителни траги и сознанија потребни за истрагата. Досега претрес бил извршен само во домот на Ременски, но не и во нејзиниот кабинет во Собранието.

Пратеничката имала два телефонски броја, но истрагата утврдила дека еден од апаратите кој ѝ бил одземен бил нов односно почнала да го користи на 11 јули.

Телефонот кој претходно го користела не е одземен при претресите. Сега со вештачењето може да се откријат и извадат само податоци од новиот апарат, а за дополнителни анализи на комуникациите обвинителството може да побара информации од операторот чиј број користела пратеничката.

Истрагата за Рекетот е отворена на 15 јули, 4 дена по менувањето на апаратот на Ременска. Тогаш Ременски не беше осомничена иако во написите за случајот претходно се спомнуваше псевдоним Фрики. На 15 јули беше приведен Јовановски-Боки 13, кој е осомничен и и во двата крака на Рекетот, Орце Камчев и Меѓународен сојуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.