Во врска со последниот извештај на „Фридом хаус“, што беше објавен вчера, дека Македонија важи за делумно слободна земја, Царовска, пак, рече дека ако се вратиме само две години наназад бевме сведоци на извештај што кажуваше заробена држава и тоа, рече, се тешки зборови за една држава која што себеси се позиционира како социјална и демократска.

За само две години да добиеме дека е делумно слободна е огромен скок за нашата држава и ако разговараме денеска со кој и да е во нашиот град, во нашата држава, ќе видите дека она кое што сме го вратиле е слободата на говор, слободата на мисла, слободата на движење. Граѓаните се чувствуваат послободно и тоа е мноу важно за едно општество. Така што јас сум горда што оваа Влада им ја врати слободата на граѓаните да кажат се што размислуваат и да имаме дури и еден период катарзично празнење на различно размислување коишто им беа забранети во изминатите десет години, вели Царовска.

Посочи дека во извештајот сигурно има препораки каде може да се направат дополнителни измени, прилагодувања, ослободувања и за сето тоа има период кога може да се имплементира, но, како што рече, во две години е важно дека од заробена држава сме станале делумно слободна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.