Ако се утврди дека и Ѓорѓе Иванов бил вмешан во сценариото за прогласување воена состојба, расплетот на настаните од 27 април може да резултира со брз импичмент и судење на претседателот Иванов, смета професорот Љубомир Фрчкоски, кој синоќа гостуваше во Анализа на ТВ 24.

Фрчкоски рече дека ако Албанците, кои наводно биле вооружени и го поминеле мостот, работата би отишла предалеку, но Американците интервенирале во последен момент. Фрчкоски вели дека имало луѓе кои биле плаќани на најнизок можен начин, за да потпалуваат. Смета дека врвот на криминалното гнездо кое подготвувало монструозно сценарио за државен удар мора да се изведе пред лицето на правдата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.