Она што може да се дознае од дипломатски кругови во Брисел е дека Франција многу, многу тешко ќе се согласи со давање на датум за почеток на преговори за Македонија, оптимизам речиси и да не постои меѓу дипломатите, но сепак некои веруваат во чуда, јавува репортерката на ТВ Телма, Марија Дивитарова од Брисел во своето последно денешно јавување во живо.

Како што додаде таа, веројатно се ќе биде појасно вечерва по завршувањето на средбата меѓу Макрон и Ангела Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.