Дилемите на Франција за проширување на ЕУ не се однесуваат на Северна Македонија, тие очигледно ги препознаваат и признаваат успесите и на политички план и во делот на реформите со сите очекувања да се направи повеќе, истакна вечерва вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на дебата на Тв Телма. Тој се надева на преговори во декември или најдоцна во март догодина.

Очекувам дека Франција ќе предложи нова методологија на преговори и на функционирање на ЕУ затоа што ние како земја кандидат, која ќе преговара, ќе се адаптира, рече Османи на дебатата со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Тој додаде дека има впечаток, од последната средбата со министерката за европа на Франција Натали Лоазо, дека во Париз се сфаќа важноста на одлуката во октомври.

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Николовски истакна дека почетокот на преговорите е многу битно кога ќе биде, бидејќи секогаш со сите држави било во истата година кога Советот носел одлука.

Она што ние го имаме како информација е дека ниту во декември ниту во март ќе биде, туку ќе треба да се чека следниот извештај затоа што ќе има предуслови кои не може Македонија да ги заврши во тој период, рече Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.