Еден е Вардар, титули се две! Првата беше пред две години, а прославата се случи на 6 јуни 2017 година. Втората синоќа, на 3 јуни, доцна на скопскиот плоштад. Илјадници граѓани излегоа да ги поздрават новите европски ракометни владетели и тоа во сезона во која сите ги отпишаа. До доцна во ноќта ги чекаа прво на скопскиот аеродром, а потоа ги отпоздравуваа по улиците и булеварите каде што се движеше шампионскиот автобус. Дилириумот беше кога ја минаа Порта „Македонија“. Извици, скандирање, измешани чувства…Еден е Вардар, титули се две! И затоа и организација на пречекот на „црвено-црната“ фурија заслужуваше да биде на највисоко ниво. Ама не беше. Водителот надвикан од топлата, се загуби во скандирањата по ракометарите. А тие, како вистински професионалци, одлично ја водеа програмата.

Како беше пред две години, а како беше синоќа? Погледнете низ фотогалеријата на „Република“.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.