Концентрација на позитивна енергија, верба, и намера да се истурка до целта, за целосна обнова на урнисанат Македонија, на која во овие три години ѝ беше нанесена штета како за 300 години. Салата „Јане Сандански“ во Аеродром, каде што се одржа завршниот собир на граѓани од три и полмесечиот карван на ВМРО-ДПМЕ Разговори за обнова на Македонија исполнета до последното место.

Како што рече во говорот лидерот на партијата Христијан Мицкоски, на Македонија ѝ требаат победи, а тоа време е токму сега.

Ја гледам вашата одлучност, и ја разбирам вашата разочараност. Но, и го знам одговорот на вашите проблеми, и знам дека оваа влада ја помина секоја црвена линија, но исто така ја гледам вашата искреност и желба за промени, тоа се гледа во стисокот на вашата рака, во отворените очи кога се поздавувате, од воздишките поради тешкиот живот, прегратката која кажува дека сега е време за дејствување. Затоа што и покрај сите порази кои во себе го носат името и презимето Зоран Заев, на Македонија ѝ требаат победи, а нашиот народ е победнички, и тој секогаш врвел низ најтрновитиот пат, низ најтешкиот и најдолгиот пат, но на крај победувал. И ретки се тие прилики кога треба да се биде гласен, а сега е тоа време. И ги видовме и кој се, и што се од оваа власт и колку не чинат, и на што се се спремни за да останат. За нив денот поминат на власт, значи повеќе пари, а за народот поголема сиромаштија, рече Мицкоски.

Ви ја пренесуваме атмосферата од салата „Јане Сандански“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.