За исплата на надомест за боледувања и породилни отсуства Во врска со преземените приватни пораки од социјалните мрежи, објавени во некои од порталите, во кои се навдува дека доцнат исплатите на наодместоците за боледувања и породилни отсуства, Фондот ја информира јавноста за следното: Исплатите на надоместоците течат редовно, односно исплати се вршат 3 пати неделно.

Поголемиот дел од исплатите за ноември се завршени, а доколку кај определни осигуреници не е реализирана исплата, истите треба да проверат кај својот работодавач, дали се поднесени нивните документи навремено и истите се коректни.

Исто така, треба да се има предвид, за да се реализира навремена исплата, работодавачот треба навремено да ги уплаќа придонесите за здравствено осигурување. Најчесто кога има доцнење на исплата на надоместоците, станува збор за ненавремено поднесување документи, некоректна документација и (несовпаѓање на бројот на часови кои ги доставува работодавачот до Управата за јавни приходи), како и нередовно плаќање на придонесите од страна на работодавачот.

Откако осигуреното лице ќе провери со работодавачот, тогаш треба да се јави во соодветната подрачна служба на Фондот каде претходно се поднесени барањата за да се утврди дали треба да се направи корекција на часови во МПИН декларација на УЈП. Обично последниот месец од исплатата на надоместоците за породилно отсуство се прима надоместокот откако ќе заврши месецот, со цел часовите во МПИН да се прикажат согласно ИСР образецот.

Доцнење има во случај кога датумот на завршување на боледувањето не е усогласен со ИСР образецот што го издава матичниот лекар, што не е по вина на Фондот туку по вина на самиот работодавач кој не ги прикажал часовите точно. Доколку осигурениците, со право се револтирани поради ненавремена исплата, Фондот ги замолува прво да проверат дали работодавачот уредно ги извршил своите обврски кон нив, за да може и Фондот навремено да ги врши исплатите. Истовремено наместо да се објавуваат револтирани пораки на одредени поединци со кој се стекнува впечаток дека Фондот не врши исплата на надоместоците, треба информациите да содржат релевантни податоци, а не паушални заклочоци базирани на приватни пораки на социјалните мрежи. Фондот продолжува да работи во интерес на осигурените лица и на здравствените работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.