Претседателката на Европската Комисија ќе го посети Западниот Балкан од среда, главна порака е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, од среда започнува нова тура низ земјите од Западен Балкан во контекст на војна во Украина и енергетската криза. Целта на оваа посета е да му се пренесе регионот дека тој е важен за Европската Унија, најави попладнево портпаролот Ерик Мамер.

Оваа посета се разбира се одвива во посебен контекст, кој е контекст на последователни кризи, прво ковид, а сега војната во Украина и нејзините последици, рече Мамер.

Како што и самата најави минатата недела од Стразбур еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ. Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите на енергетскиот пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.