Мислам дека пораката од Заев е слушната во ЕУ. Следното прашање е што може да се преземе, вели политичкиот аналитичар и професор, Флоријан Бибер во изјава за ТВ 21.

Според него, многу членки покажаа дека се фрустрирани од ветото на Бугарија и блокадите за Македонија и Албанија.

Државите кои во минатото преставуваа пречки, сега се на страната на Северна по ова прашање во ЕУ. Тие се запознаени со проблемот, но дали ќе преземат нешто? Дали може да преземат нешто? Ова ќе го дознаеме во иднина. Ќе има шанса по изборите во Бугарија кога ќе постои стабилна влада за да учествува во дијалогот. Можеби новата германска влада ќе ја продолжи оваа политика оти сега, иако го поддржува проширувањето, Германија нема влада која што може да нареди да се тргне блокадата. Одговорот од ЕУ ќе биде во наредниот период, потенцира Бибер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.