Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил порача дека секој од нас може да спречи насилство, а жртвите на родово базирано насилство, жени и девојчиња, мора да знаат дека не се сами.

Филипче посочува дека дава поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која има за цел да ја подигне јавната свест за важноста на индивидуалниот, но и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство.

Само заедно можеме да се избориме против молкот и стигмата, но и да обезбедиме поддршка, заштита и сигурна средина која ќе ги охрабри жртвите да проговорат гласно и да кажат не за насилството – напиша Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.