Пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која посмртно ѝ беше земен брис, е позитивна на ковид-19. Се чекаат резултатите од тестирањето на починатото лице од Битола, кое беше во самоизолација, изјави денеска Венко Филипче, министерот за здравство кој соопшти дека во Македонија има 25 новозаболени од ковид-19, петмина се излечени, а една пациентка почина.

Со ова вкупно во земјава има 354 заболени од ковид-19, од кои најмногу во Скопје – 183, Куманово – 54, Дебар – 47,Штип – 15,Прилеп – 12,Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци и Гевгелија по 2 и по еден во Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Кочани.

На Инфективната клиника во Скопје во моментов има 59 пациенти, од кои 12 се во потешка состојба, од нив петмина се на механичка вентилација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.