Постојат одредени истражувања кои покажуваат дека загадениот воздух, односно ПМ-честичките побрзо и подалеку го шират ковид-19. Затоа се размислува зиме да се препорача задолжително носење заштитни маски на отворено, со цел граѓаните да се заштитат и од настинки и од загадувањето, рече министерот за здравство, Венко Филипче во гостување на ТВ 24.

Ќе процениме дали носењето маски треба да се препорача подоцна во есенските месеци и зимските месеци за луѓето да се штитат и од настинки, но и од загадениот воздух, поради тоа што има одредени публикации кои укажуваат на тоа дека со ПМ-честичките вирусот патува подалеку, многу повеќе од метар и половина до два. Тие вирусот го шират побрзо и подалеку, рече Филипче.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.