Треба да бидеме задоволни како сектор здравство за ова значајно зголемување на буџетот кое го добиваме пред се за платите на здравствените работници. Над 30 милиони евра со ова зголемување веќе ќе бидат инвестирани само во платите, дежурствата, не само на здравствените работници, туку и на сите вработени во здравствениот сектор. Ова е еден начин на стимулација на здравствените работници и пред се младите да останат да работат да работат во земјава, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека се преземаат и други мерки за да се стимулираат вработените во здравството со цел да се подигне нивото на задоволство од работата, да се врати достоинството на здравствените работници, бидејќи, како што рече, задоволни здравствени работници значи задоволни пациенти.

– Најголем дел од зголемувањето на буџетот оди кон Фондот за плати, а ние планираме и осовременување со опрема и инфраструктурно на повеќе јавни здравствени установи, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за детски болести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.