Министерот за здравство Венко Филипче на ја исклучува можноста хоспитализираните заболени од Ковид-19 да плаќаат партиципација за болничкото лекување.

Со одлука на Влада ги покриваме трошоците за сите кои не се здравствено осигурани, но можно е да земеме во предвид и плаќање на партиципација. Ќе направиме финансиска конструкција. Тоа може за неколку дена да биде завршено, рече Филипче во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

За соопштението испратено од директор на една клиника до вработените во кое им порачува дека излегување во медиуми е дозволено само со писмена согласност од директор и оти ќе биде санкционирано секое излегување во медиумите кое и штети на угледот на клиниката и ја разнишува довербата на вработените во услови на криза и влева недоверба во постапувањето на епидемиолошките служби и институциите на системот, рече дека ќе го провери и ќе информира што е причината за ваквата комуникација со вработените.

Разговарав со директорката непосредно пред започнувањето на прес-конференцијата и ја замолив да ми ги прати сите мејлови и комуникација. Лично не се согласувам со ограничување на информациите. Стојам зад тоа отворено, транспарентно и точно да информираме во било кој момент и дека не поддржувам какво било ограничување на каква било комуникација. Ќе разговарам, па ќе информирам што е причината или позадината на ваквата комуникација, потенцира Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.