Македонија е на осмото место во светот по бројот на починати на милион жители од коринавирусот, но за министерот за здравство Венко Филипче, порастот на починати е светски тренд.

Се зголеми бројот на смртни случаи не само кај нас, туку и секаде, еве и кај соседите. Имаме специфичен пристап кој не го сменивме од почетокот. Се земаат брисеви и пост мортем. Зошто? Затоа што сакаме да ги заштитиме најблиските. Ние можеме фиктивно да го намалиме, ќе престанеме да тестираме пост мортем. Нема да биде вистински и чесен пристап, не само кон пациентите, туку и кон семејствата. Се пријавуваат сите кои имаат сарс-ков вирус, според препораките на СЗО. Без разлика дали имаат такви тешки коморбидитети кои може да бидат вистинската причина на смртта. Затоа е таков став, со цел да ги заштитиме сите членови на семејството, вели министерот за здравство, кој вечерва е гостин во Клик плус на ТВ 21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.