Доктор Калина Гривчева Старделова која е директор на Клиниката за гастроентерохепатологија и прв човек на Лекарската комора, а која и покрај Одлука на Антикорупциска дека треба да напушти една од функциите и понатаму ги извршува двете, сега „се фрли“ да го брани министерот за здравство, Венко Филипче.

„Не може лекар, прв човек на Клиника кој не ги почитува правните норми да брани никого, најмалку министер. И тоа министер за случај како оној со случајот во Тетово каде изгоре модуларната болница и има 14 жртви. Никој не прејудицира дека тој е виновен, но тој како прв човек во здравството треба да понесе морална одговорност. И замислете кај тој не понесува одговорност, него го бранат лица поставени, односно предложени од него, и тоа некои кои не го почитуваат правото“, коментираат познавачите на приликите.

Гривчева Старделова и покрај одлуката на Антикорупциската комисија дека треба да биде или директорка на Клиниката за гастроентерохепатологија или прв човек на Лекарската комора на Македонија, таа останува и на двете функции и по две години од Одлука на ДКСК. Спорно е извршувањето на двете функции бидејќи првиот човек на Лекарската комора ја цени работата на директорите на јавните здравствени установи. Тоа значи дека Старделова, претседателката на Комора, ја оценува работатата на Старделова, директорката на скопската клиниката.

Одлуката на Антикорупциската комисија е донесена кон крајот на 2019 година или пред речиси две години, но никој не реагира. Едноставно не се постапува по Одлуката на надлежната Комисија. Комисијата констатирајќи го судирот на интереси побара Старделова во рок од 15 дена да се откаже од една од функциите. Правниците коментираат дека според праксата пробиени се сите рокови и веќе се поставува прашањето кој ја штити.

„Доколку има Одлука на 22 ноември 2019 година истата треба да се реализира во разумен рок и да биде доставена. Сега е крај на септември 2021 година, крајно неразумно, непочитување на институции и правни акти кои ги носат“, коментираат правници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.