Државната комисија за антикорупција утврди дека Венко Филипче, министерот за здравство, со возило донирано од Кина учествувал на партиски собир на СДСМ и коалицијата во Штип. Приговорот на ВМРО-ДПМНЕ се прифаќа со мерка барање одговорност што во рок од 15 дена ќе се достави до Владата, од која ќе се бара иницијатива за утврдување на одговорност од министерот за здравство

Возилото претходно било во сопственост на Агенција за разузнавање, но по препораките од НАТО дека треба да внимава и да се ослободи од донации од „држави од ризик“, патничкото моторно возило е отстапено на Министерството за здравство со договор од 03.04.2020. Агенцијата на министерството му го отстапил автомобилот со скопска регистарска табличка на една година.

Наведеното возило веќе го користи министерството и било користено во Штип на настан на СДСМ и коалицијата. ДКСДК на ден 06.07.2020 се обрати до министерството и од таму ни беше кажано дека возилото било користено од министерот на 28.06.2020 на промовирањето на програмата „Можеме“ во Штип. Од министерот ни беше кажано дека имал работни задачи од своја надлежност, но и учествувал во промоција на програмата „Можеме“, беше констатирано на денешната седница на ДКСК.

Антикорупциска утврдила дека на настанот во Штип немало агенти со службеното возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.