Многу е битно сега и верските лидери да сфатат дека ситуацијата е навистина сериозна, дека епидемиолошката слика може дополнително да ја искомплицира состојбата во болниците, нешто што сакаме да го избегнеме. Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците – да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Во гостување на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Филипче потенцира дека натамошните мерки ќе се димензионираат зависно од тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројките и зависно од проценката на ризикот.

Филипче подвлече дека во ваква ситуација како актуелната, кога здравствениот систем е оптоварен, нема да биде ништо друго критериум за воведување мерки освен заштитата на граѓаните.

Многу е битно сега сите да се вклучиме, не само ние што ги менаџираме здравствените капацитети и политичките чинители, туку и верските. Ова ќе биде сериозен ризик и зависно од тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројките, од проценката на ризикот што може да се случи, ние ќе донесеме одлука во следните две недели за тоа како ќе ги димензионираме мерките за тој период, истакна Филипче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.