Ако во иднина е потребно да се смени платформата на вакцината со цел да дејствува на некој нов сој или мутација на коронавирусот за кој не делуваат сегашните вакцини, тоа многу полесно може да се направи со вакцините кои се создадени на традиционалниот начин, односно на инактивиран вирус, рече министерот за здравство, Венко Филипче во вчерашното интервју за „360 степени“.

На таков традиционален начин е изработена и вакцината на кинескиот производител „Синофарм“. Филипче вели дека ефикасноста на оваа вакцина ќе треба треба и да се одрази кон подобрување на епидемиолошката состојба во земјава по масовната вакцинација на населението која започнува во вторник.

Ефикасноста ја гледаме од завршните резултати на клиничките студии, а тие студии служат токму за тоа. Вакцината и лекот да се аплицираат на што поголем реципиенти и да се анализираат резултатите, а резултатите се сосема солидни. И количината на антитела којашто се детектира по одреден период, понатаму и начинот на производството на вакцината е традиционален и многу добро познат и во таа смисла би рекол дека тоа е една предност на овој тип на вакцина. Ако во иднина е потребно да се смени платформата на вакцината со цел да дејствува на некој нов сој или мутација на коронавирусот за кој не делуваат сегашните вакцини, тоа многу полесно може да се направи со вакцините кои се создадени на традиционалниот начин отколку кај векторските вакцини, вели Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.