Предлагаме заострување на рестриктивните мерки, ова не е неочекувано, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето во Дневникот на Сител.

Посочи дека училиштата засега нема да се затвораат бидејќи таму бројките на новозаразени не се големи.

На утрешниот состанок ќе дискутираме за тоа дали се потребни дополнителни рестрикции од кои што се сега во сила. Тоа би вклучувало рестрикција во јавниот превоз, ограничување на работата на угостителските објекти и одредени економски субјекти, компании. Дел од мерките може да се таргетирани во некои општини, некои може да важат на територијата на целата држава – рече Филипче.

Прашан за евентуално воведување на нов полициски час Филипче рече дека се уште е рано и тоа може да се дискутира утре.

Еден од најдобрите параметри кои што ги следиме е капацитетот во болниците. Иако има слободни места, капацитетите забрзано се исполнуваат. Само во текот на вчерашниот ден имаше огромен број на приеми – рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.