Зголемен е притисокот кон Брзата помош и кон пунктовите за тестирање. Дополнителни 500 нови тестирања за Скопје од понеделник ќе има во главниот град, изјави денеска на прес-конфренцијата министерот за здравство Венко Филипче.

Во последните неколку недели имаме буквална експлозија на корона вирусот, но не само кај нас, туку во Европа, но и целиот свет.

Според податоци на СЗО, изминатата недела е забележан порас на починати за 46%, во споредба со претходната недела, истакна министерот Филипче, читајќи статистика од земјите од регионот.

Тој истакна дека поради наплив на пациенти, Клиниката за интерни болести се претвора во Ковид центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.