Министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека притисокот врз ковид центрите со пациенти е зголемен, и уште еднаш порача да се почитуваат мерките. Тоа е утврдено на утринската координација со директорите на Клиниките.

Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација. На утринскиот состанок со директорите на Клиниките разменивме информации во однос на состојбата. Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци. Мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, напиша Филипче на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.