Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје, соопштија од Министерството за здравство за состојбата на преживеаните од автобусот во кој изгореа 45 македонски државјани во Бугарија.

Филипче утрово разговарал со д-р Иван Поромански, директор на болницата Пирогов во Софија, каде се хоспитализирани седумте пациетни кои ја преживаеја страотната сообраќајка која се случи вчера утрото на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.

Сите пациенти се стабилни и се под постојан лекарски надзор, а дадена им е и психолошка поддршка. На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото, тие се чувствуваат добро, велат од МЗ.

Во моментов во софиската државна болница „Пирогов“ се хоспитализирани:

Ебип Пајазитовски (24.09.1972), државјанин на Македонија
Ѓула Јашаровска (16.06.1972), државјанин на Македонија
Зулејха Јашаровска (12.05.2005), државјанин на Македонија
Минир Јашаровски (06.01.1971), државјанин на Македонија
Медина Љутвиј (21.05.1996), државјанин на Македонија
Љуљзим Сулејмани (04.05.1995), државјанин на Србија
Орхан Алити (12.04.1976), државјанин на Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.