Министерот за здравство, Венко Филипче по четири години си оди од министерското место во едно од најважните министерства.

Премиерот во оставка, Зоран Заев од друга страна потврди дека останува на ставот да се повлече и од лидерското и од премиерското место, а за министерот Филипче кажа дека Македонија досега немала подобар министер за здравство.

Со оглед на тоа дека Заев нема да биде лидер и премиер, а Филипче нема да биде министер, Заев вели дека сега ќе имаат повеќе време да се посветат на страста на возење мотори.

Новите министри и новата влада нема да дојдат со мене како премиер, ќе дојдат со нов иден премиер на владата. Венко Филипче сега ќе стане подругар со мене, ќе имаме повеќе време да возиме мотори. Затоа што кога работите, немате време за тоа. Тој е мој пријател, покрај тоа што е соработник. Како неврохирург може да биде корисен за здравјето, но има одлични знаење кои може да бидат употребени во периодот на општествено ниво. Доколку новите кадри кои доаѓаат и новиот премиер не сметаат на него, јас сметам на него, рече Заев.

За наследник на Филипче се споменува Беким Сали, кој е генерален секретар на Алтернатива и беше кандидат за градоначалник на Чаир на локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.