Засега нема да се спроведува задолжителната вакцинација кај здравствените работици против ковид-19 и мерката која беше планирана за вработените во државната администрација, локалната самоуправа и приватниот сектор најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Стигнавме до констатација дека се отвораат многу сериозни прашања во однос на тоа како би се казнил евентуално некој кој што нема да прифати да се вакцинира против ковид-19. Релано, тоа е голем финансиски товар. Ќе видиме каков ќе биде интересот и опфатот со вакцинација во следниот период со оваа препорака преку матичните лекари. Спремни сме да носиме и други препораки, изјави Филипче.

Владата го одби предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжителна вакцинација на здравствените работници и препорака за имунизација на јавниот и приватниот сектор и побара од Комисијата дополнителни анализи и компаративни студии за предложените мерки, но и предлози за дополнителни мерки за поттик за масовна вакцинација.

Некои земји во Европа размислуваат оваа вакцинација да биде задолжителна. Но, очигледно, уште е рано. Нам најпрактично ни е преку матичните лекари. Од друга страна, што ќе се случи со работици коишто не можат да го издржат товарот да прават тестови, а не сакаат да се вакцинираат? Тоа значи дека истите тие компании тие работници треба да ги отпуштат. Работодавците во големите фирми, каде што имаат голем број врабтени да апелираат да се вакцинираат. Ќе оставиме некое време да видиме дали ќе помогне комуникацијата и апелот на матичните лекари. Дополнителна мерка во смисла на некаква форма оваа вакцина да биде задолжителна низ искуствата и примерите на другите земји во периодов што доаѓа не е исклучено, најави Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.