Mинистерот за здравство Венко Филипче, во однос на тоа дали македонските граѓани ќе можат да излезат од границите во регионот изјави дека се разговара сите во регионот во еден момент да ги отворат границите со една изедначена политика во однос на ПЦР тестовите.

Како што вели Филипче, идејата е да се отворат границите без ПЦР тестови.

Земјите-членки на ЕУ имаат само препорака, немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите. Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција ќе заземеме заедничи став. Комуникацијата се базира на тоа дека превентивните мерки треба да се почитуваат – изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашање по настанот на Здружението „Борка – за секој нов ден“ по повод кампањата за борба против рак на дојка „Race for the cure“.

Во врска со синоќешниот културен настан „Бела ноќ“ Филипче посочи дека нивните информации се дека мерките се почитувале во рамките на организацијата, значи гостите седеле согласно порепораките столчињата биле на соодветна дистанца, но мерките не се почитувале надвор од организираниот простор.

Во таа смисла најавивме претходните денови дека ќе преземеме и дополнителни рестриктивни мерки, а една од нив е целосна забрана за настани, ако видиме дека ова ќе продолжи. Многу земји во светот ги откажуваат настаните и концертите за практично цела 2021 година, стравувајќи од непочитување на мерките. Интензивно ќе следиме и ќе видиме што ќе преземеме – додаде Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.