Дрскиот министер за здравство кому за една година му починаа безмалку 4000 лица од ковид 19 Венко Филипче иронично му се заблагодарува на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ што го потсетил на изборните (празни) ветувања и побрза да го демантира фалејќи се со своите постигнувања во здравството.

Филипче се пофали со покачување на платите на лекарите, потсети дека зградата на Интерните клиники добила нов лик првпат по изградбата пред 70 години, дека се обезбедени лекови за ретките болести.

Но, од адреналинот кој му удрил во главата по хеликоптерската екскурзија од Скопје до Прилеп, секако на сметка на сите кои во моментот се борат за здив во прокиснатите клиники лежејќи кревет до кревет со починатите, заборави да им изрази сочувство на 265-те семејства кои изгубиле близок само во последнава недела. Заборави да му изрази сочувство на семејството на 28-годишникот од Охрид, кој од денес е негова црна статистика. На семејствата на 22 и 23-годишните девојки починати пред неколку дена, на родилката од Дебар со извадени органи, на семејствата на 32 и 33-годишните родилки кои починаа од компликации од ковид 19… Фалејќи се, Филипче заборави колкава му е сметката пред божјиот суд.

И така, додека Филипче бистри политика, во Македонија се умира.

Благодарност до Христијан Мицкоски што ме потсети на ветувањата од изборната кампања. Жално е што секоја прилика…

Posted by Венко Филипче on Sunday, 4 April 2021

Благодарност до Христијан Мицкоски што ме потсети на ветувањата од изборната кампања. Жално е што секоја прилика Мицкоски ја користи за пласирање лаги, но добро е што ми даде повод со факти да ги побијам овие негови паушални обвинувања. Ќе го искористам и неговиот хаштаг #ДаНеСеЗаборави
1. #ДаНеСеЗаборави дека основната плата на лекарите специјалисти се зголемени за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25% а на здравствени соработници за 15%.
Зголемени се и капитациите за матичните лекари. Сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, од 1 октомври 2019 добиваат приближно 15 посто повеќе или 8 денари покачување за капитационен бод. Мицкоски ова може да го провери со своите сопартијци вработени во здравството.
2. #ДаНеСеЗаборави дека најстарата зграда на Интерни клиники после 70 години доби комплетно нов лик. Реновирани се хируршките сали на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди. Реновирани се и одделенијата за Дигестивна хирургија, Универзитетската Клиника за хематологија каде целосно беше реновиран Одделот за трансплантација. Реновирана е Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје.
Клиничкиот центар беше локација со најголем неред, а денес Клинички има сосема нов лик. Решен е проблемот со влезовите и излезите од комплексот, кон градските улици. Реконструирана и рехабилитирана е постоечката улична мрежа. Создадени се услови за движење на итната медицинска помош и амбулантните возила.
Отворен и пуштен во употреба е и новиот Ургентен центар во Општата болница во Куманово. Реновиран Центарот за дијабетес при Универзитетската Клиника за ендокринологија. Реновирана е Службата за Итна медицинска помош во Битола и Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Велес. Реконструирана е Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Реконструкција во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Во време на пандемија завршени и опремени се 19 монтажни болници во 16 градови, со најсовремени апарати и над 600 кревети. Дополнително, набавени се 12 возила за Итната медицинска помош, од кои 6 за Здравствен Дом – Скопје со што за 100% е зајакната Итната медицинска помош.
3. #ДаНеСеЗаборави дека е уништен турскиот инсулин набавен со паралелен увоз, без сертификат, во време на ВМРО ДПМНЕ. Воведени се три нови инсулини и дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет. Укинати се квотите за лекови на рецепт со што лековите се достапни за граѓаните секој ден во месецот. За 2 години воведени се пет нови лекови за ретки болести: лек за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, лек за апластична анемија, лек за спинална мускулна атрофија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше, лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза. Обезбедени се биолошки лекови со што за првпат сите жени на коишто им е потребна терапија после операција или без операција на рак на дојка, отсега се покриени со целата терапија којашто им е потребна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.