Гледајќи дека веќе нема голем интерес преку системот за закажување термини за вакцинација, а во светот веќе почнаа да се појавуваат нови мутации на коронавирусот, принудени сме да почнеме да размислуваме за воведување на некаква форма на рестрикција со цел да се спречи есенскиот бран на пандемијата, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Опаѓа интересот на граѓаните да закажуваат термини за вакцинација, па затоа ние веднаш почнавме да спроведуваме теренска вакцинација. Свесни сме дека можеби и покрај сè што правиме, интересот за вакцинација нема да се зголеми. Размислуваме за некаква форма на рестрикција, ние не можеме и нигде во светот вакцинацијата не е задолжителна. Затоа мораме да размислуваме за некои други алтернативни решенија, на пример да се присуствува на настан со масовно присуство, дали на отворено, дали во затворено, дали во кино, дали културен настан, дали други објекти, само со таков сертификат. Тоа значи дека невакцинираните лица нема да можат да влезат на некој културен или спортски настан каде што присуствуваат повеќе луѓе, кажа Филипче на денешната прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.