Откако се донесе одлука наставата за сите ученици да почнува од 1 септември и сите да бидат со физичко присуство, министерот за здарвство, Венко Филипче, вели дека родителите може да побараат од училиштето од немедицински причини нивното дете да не посетува настава со физичко присуство, а училиштето може да даде или да не даде согласност.

Во изјава за Канал 5, Филипче вели дека во зависност од тоа дали ќе се зголемува бројот на заболени ќе се размислува за евентуално повлекување на одлуката за настава со физичко присуство на учениците.

Тоа што е битно е дека во било кој момент ако настане влошување на епидемиолошката состојба, ќе дадеме препорака да се активираат некои од останатите веќе спремни механизми на спроведување на наставата, дали тоа ќе биде комбинирано или онлајн ќе зависи исклучиво од епидемиолшката слика. Засега, согласно сегашната ситуација, препораката е учениците да почнат со физичко присуство – изјави Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.