Премиерот Заев  истакна дека од политичарите прв веројатно ќе се вакцинира министерот за здравство, Венко Филипче. Така е редот, рече Заев, по лекарите и медицинскиот персонал да се вакцинира и Филипче. Сепак, повтори дека и тој ќе ја прими вакцината, но пред него, предност ќе имаат, посочи, хронично болните, возрасните и луѓето кои досега од КОВИД загубиле член од семејството.

-Потврдувам дека ќе бидам меѓу првите што ќе ја примат вакцината, но не сакам да му го земам правото на никој, и јас сум граѓанин како и секој друг. Сепак, сакам да дадам личен пример дека вакцината треба да се прими за да се заштитиме од корона вирусот и да го вратиме животот во нормала. И јас и моето семејство и моите роднини ќе ја примиме вакцината, порача Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.