Филипче прогнозираше 2.000, а Македонија за жал ја надмина бројката од 7.000 заболени, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, според кои ова е резултат на неодговорноста и неспособноста на оваа власт на Заев.

Филипче наместо да биде посветен на здравјето и животите на граѓаните се занимаваше со снимање спотови за СДСМ, одење по митинзи и држење политички говори.

Во последното деноноќие во Македонија има пак трицифрена бројка на заболени луѓе од корона вирусот, односно новозаболени се 115 лица, а починати се 7. Со вие бројки и бројот на починати се искачи на 341. Македонија за жал е црн рекордер во регионот по број на заразени и починати на еден милион жители, се вели во соопштението.

Вирусот наречен Заев го разори системот и ја клекна на нозе државата, додаваат.

Затоа сме на ова дереџе на кое што сме. Заев овие три години беше посветен на создавање на криминални, корупциски и рекетарски шеми. Патем видовме сведоштво дека подземјето било ангажирано од страна на кланот Заеви за да се заканува, да пали возила и да рекетира од сите оние кои не припаѓаат на кланот Заеви. Јавноста веќе слушна дека сите изрекетирани пари во државата завршиле кај Вице и Зоран заеви.

Тоа мора да престане. Изборите се шанса Заев да замине во црната историја на македонија.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.