Министерот за здравство Венко Филипче апелираше приватните лаборатории да ги намалат цените на тестирањата за Ковид-19.

Во оваа криза сметам дека не треба профит да гледаат. Нека излезат во пресрет и нека ги намалат цените на тестирањето. Соочени со овој голем притисок освен ова зголемување на нашите капацитети од близу 400 тестови ќе ја следиме ситуацијата и оваа недела и ако навистина сè уште продолжи овој тренд, не повеќе од петок, сабота, тогаш дефинитивно Фондот ќе склучи договор и со дел од приватните лаборатории по таа референтна цена, едноставно да се зголеми бројот на термини и да се скрати времето на чекање, рече Филипче во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на телевизијата Телма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.