Ситуацијата е критична во нашата земја. Очекуваме резултати од мерките што се спроведени, но нема потреба од рестрикции. Иако сме подготвени и за такво нешто – истакна министерот за здравство.

Денеска во 14 часот ќе одржиме состанок на Комисијата за заразни болести. Ќе разгледаме некои други мерки, но и натаму сметаме дека нема потреба од полициски час, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешното заедничко обраќање со министерката Радмила Шекеринска.

Тоа што би можело евентуално дополнително да се предложи е целосно затворање на некои економски оператори кои во овој момент функционираат, како и ограничување на движењето, дали во текот на попладневните или вечерните часови или за време на викенд, но според утринската координација што ја имавме сметаме дека ова не треба да се направи. Ја следиме епидемиолошката ситуација и ако треба ќе носиме одлуки, рече Филипче.

Тој додаде дека притисокот врз здравствениот систем е огромен и дека ситуацијата е критична.

Притисокот врз здравствениот систем е огромен. Се зголеми капацитетот на болничките возила, па оваа помош е и тоа како драгоцена и важна. Ситуацијата е критична во нашата земја. Очекуваме резултати од мерките што се спроведени, но нема потреба од рестрикции. Иако сме подготвени и за такво нешто, истакна Филипче.

Пет болнички возила на АРМ се ставени на располагање на здравствените работници во борбата против пандемијата на коронавирусот.

На новинарско прашање зошто толку долго се чекаат резултатите од заразените на дневна основа, кои во последните неколку денови пристигнуваат по 20 часот, министерот одговори дека е потребно време да се одработат извештаите.

Навистина имаме големи бројки и како што стигнуваат извештаите, истите треба време да се одработат за да се дојде до точната бројка, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.