Министерот за здравство Венко Филипче вели дека анализите покажуваат оти е намалена преносливоста на коронавирусот во земјава, т. е. Р0 (ер нула) факторот на преносливост е намален од 1,5 на близу 1. Тоа, вели тој, значи дека еден човек при непосреден контакт заразувал 1,5 човек, сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1.

Според него, веќе донесените мерки даваат разултати, но предупредува дека вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациент, па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат. Тоа значи огромен притисок врз здравствениот систем.

Филипче изјави дека секојдневно се следат и се анализираат состојбите на терен, а ако има простор и потреба Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство, ќе препорача и дополнителни рестриктивни мерки. Следна мерка би можела да е полициски час.

На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.225 и има колку 100 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 640 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на КОВИД -19 вирусот кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 792.

Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 69 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациент, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 33 болни. Во болницата во Струмица лежат 80 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.225 и има колку 100 празни болнички кревети во ковид центрите..

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.