Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда (10.03), напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19,  напиша Филипче.

Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи…

Posted by Венко Филипче on Monday, 8 March 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.