Министерот за здравство Венко Филипче, чие име беше споменато во денешното судско рочиште за ,,Рекет” ја потврди изјавата на сведокот Орце Камчев дека бил кај Бојан ЈОвановски дома, на повик од Јовановски. Таму бил повикан и Камчев, но за ништо не се договориле и средбата не се повторила веќе никогаш.

Средбата која се споменува во денешното судење за случајот „Рекет“ се одржа на барање на Бојан Јовановски на која јас и Орце Камчев бевме повикани да разговараме за некакво јавно-приватно партнерство за болница која тој имал намера да ја прави. Од тој состанок не произлезе ништо и повеќе не остваривме средба.” , изјави министерот Филипче за Канал 5.

Министерот за здравство за Клан ТВ рече дека е подготвен да сведочи за средбата во куќата на Боки 13 доколку е повикан. На коментарот дека не е сопственик на Министерството и дека покоректно би било средбата да се одржи кај министерот наместо кај Боки 13, Филипче рече дека бил флексибилен кога треба да преговара за инврстиции во здравството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.