Министерот за здравство Венко Филипче денеска изрази уверување дека во следните неколку денови ќе може точно да каже кога ќе пристигнат двете количини вакцини против Ковид – 19 и кинеските и руските.

Не би сакал сега да шпекулирам, сакам да бидам прецизен тогаш кога точно ќе знаеме кога ќе пристигнат. Еве се пролонгираше малку периодот. Очекувам навистина сите овие разговори да завршат за што пократко време. Секојдневно има нови прашања од компаниите, тоа важи за сите компании. Од Фајзер за којшто го очекуваме драфт договорот. Со руската компанија интензивно разговараме сега овие денови после поптишувањето на договорот и секако со кинеската, изјави министерот Филипче, кој денеска беше во посета на гостиварската болница каде е пуштен во употреба модуларниот КОВИД центар.

Прашан дали овој одговор се однесува за кинеските или за руските вакцини, Филипче одговори дека сега зборува за двете количини на вакцини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.