Неспособната влада предводена од Зоран Заев и неговиот министер Венко Филипче убија 14 лица во модуларната болница во Тетово.Кога Филипче го води здравството резултатот е 14 мртви од пожар во модуларна болница, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека Филипче наместо да го организира здравствениот систем за да одговори на корона пандемијата,  организира тендери за модуларни болници кои горат за две минути.

Филипче и во корона пандемија не ги заборава бизнис интересите и провизиите. Затоа резултатот е повеќе од 6.000 лица починати од ковид.

Затоа Филипче и Заев единствено нешто што треба да направат е да не влијаат врз истрагата за модуларната во Тетово. А тоа може да се постигне само со нивно заминување од функциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.