Засега нема да има нови рестрикции иако се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Ситуацијата е таква да немаме онаков нагол раст на кривата како што имаше во месец ноември и сметаме дека засега мерките се добри. Училиштата со овој режим на работа, ограничената бројка на деца во градинките. Така што ја следиме ситуацијата динамично. Имаме пораст посебно во некои градови на факторот на преносливост, но засега остануваме со истите превентивни мерки, потенцираше Филипче.

Јужноафриканскиот сој на коронавирусот кај нас се уште не е детектиран, а околу седумдесетина проценти, според лабораторијата на болницата „Жан Митрев“, а оваа недела ги очекуваме и резултатите од лабораторијата во МАНУ, се од британскиот сој, додаде тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.