Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конфренција соопшти дека се планира од октомври за влез во затворени простори ќе треба да се покаже сертификат за примени две дози вакцина против ковид-19.

Една од мерките кои се планира е одлуката која важеше за една доза вакцина, односно со една доза да може да се влегува во затворени молови, во угостителски објекти и слично сигурно ќе се смени и ќе се бара сертификат за целосна вакцинација, односно две примени дози.

Тоа се разгледува, односно е веќе разговарано и сигурно ќе се воведе. Впрочем тоа придонесе и да се зголеми интересот за вакцијација, кој за жал во изминатите неколку денови спласна. Значи онаму каде се бараше една доза вакцина, сега ќе се бара две дози. Но, ќе оставиме време за граѓаните и планирано е да се воведе во месец октомври, изјави Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.